Со натпреварите меѓу Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид и Манчестер Сити – Монако вечерва во 20:45 часот продолжуваат осминафиналните возбудувања во Лигата на Шампиони.
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола од клупата пред своите гледачи ќе го пречека лидерот во француската Лига 1, Монако.
„Кнезовите“ сезонава во ЛШ и во Франција покажаа квалитет, а „граѓаните“ имаат голема обврска на „Етихад“, односно треба максимално да го искористат домашниот терен.
Атлетико Мадрид својата шанса за нешто повеќе сезонава ја гледа во Лигата на Шампиони, откако целосно потфрли во шпанската Ла лига.
Сепак, и „фармацевтите“ си имаат свои математики и ќе се обидат да ги направат на двобојот со Европскиот вицепрвак.
Првите мечеви од осминафиналето ќе се комплетираат со дуелите Порто – Јувентус и Севиља – Лестер кои се во среда на програмата.
Можни состави:
Леверкузен: Лено, Хенрикс, Топрак, Драговиќ, Вендел, Арангуиз, Кампл, Белараби, Брендт, Хевертц, Чичарито.
Атлетико: Облак, Вршаљко, Савиќ, Хименез, Луис, Караска, Габи, Коке, Нигуез, Гризман, Торес.
Манчестер Сити: Кабаљеро, Фернандињо, Отаменди, Стоунс, Коларов, Давид Силва, Туре, Де Брујне, Стерлинг, Агуеро, Сане.
Монако: Субашиќ, Сидибе, Глик, Раги, Менди, Силва, Фабињо, Бакајоко, Лемар, Жермен, Фалкао.
OhridNews