Сите погледи во првиот сегмент од А до Д групите од последната рунда во Лигата на Шампиони ќе бидат насочени кон Б групата каде ќе се одлучуваа патниците во нокаут натпреварите.


Одлучувачките натпревари во Б групата од првата позиција на табелата ги стартува Волфзбург кој пред своите гледачи го пречекува второпласираниот Манчестер Јунајтед, а во вториот натпревар ќе се сретнат третопласираниот ПСВ Ајндховен и ЦСКА Москва.

На „волците“ им одговара и реми додека Јунајтед само со победа сигурно обезбедува пласман во следната рунда. На вратата за пласман во нокаут мечевите чука ПСВ кој со триумф над ЦСКА обезбедува едно од двете места.

Три од четирите екипи имаат шанса за пласман во осмифиналето за разлика од другите групи каде веќе се знае кој ќе продолжи во ЛШ, кој во Лигата на Европа и кој ќе се збогува од фудбалска Европа.

Двојки :

Група А : ПСЖ – Шахјтро, Реал Мадрид – Малме

Табела : Реал Мадрид 13, ПСЖ 10, Шахјтор 3, Малме 3

Група Б : Волфзбург – Мен Ју, ПСВ – ЦСКА

Табела : Волфзбург 9, Мен Ју 8, ПСВ 7, ЦСКА 4

Група Ц : Бенфика – Атлетико Мадрид, Галатасарај – Астана

Табела : Атлетико Мадрид 10, Бенфика 10, Галатасарај 4, Астана 3.

Група Д : Мен Сити – Б. Менхенгладбах, Севиља – Јувентус

Табела : Јувентус 11, Мен Сити 9, Менхенгладбах 5, Севиља 3.

Ohridnews