На Ноу Камп првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампиони ќе го одиграат Барселона и Баерн Минхен, но мечот ќе го одбележи дуелот меѓу некогашните пријатели и соиграчи Луис Енрике и Пеп Гвардиола.


Првиот ја води екипата на Барселона додека вториот е тренер на Баерн Минхен, а заедно дваесет години заедно испишуваа златни страници во каталонскиот клуб.


И двајцата стратези тренерскиот занает го печеа во Б екипата од Барселона, а Луис Енрике пред да ја преземе Барса имаше епизодна улога во Рома.

Пријателството двајцата стратези ќе мораат да го остават на страна и да надмудруваат во двомечот, кој води во финалето од Лигата на Шампиони.

Ohridnews