Македонскиот првак Металург претпре пораз на домашен терен од Хамбург со 25-23 и како третопласиран ги заврши натпреварите во групата.


“Металрузите“ имаа предност од 14-12 по првиот дел, но силниот ритам кој го наметнаа германците во вториот дел , не успеаа да го издржат избраниците на Червар и мораа да се помират со пораз.

Одличен натпревар во супер амбиент, ни знаевме што не чека овде, ти немаат долга клупа и тое нивниот најголем недостаток. На стартот на вториот дел но истрчавме неколку контри се одлепивме и не успеаа да не стигнат – рече Игор Вори, кој потенцираше дека целта на Хамбург е пласман во разигрувањето за титулата во лигата

Пивотменот Димовски, уште еднаш потсети дека се работи за страшна екипа која знаеше како да ги казни сите наши грешки.

Се боревме, паднавме на детски болести, направивме грешки кои не сме дозволени на вакви натпревари. Дојдовме до минус еден, публиката се крена но не успеавме да извлечеме реми. Овој меч покажа дека можеме да играме со кого било – потенцираше Димоски кој во нокаут фазата за противници ги посакува шпанскиот Адемар Леон или унгарскиот Веспрем.

Ждрепката за нокаут фазата е во вторник.

М.П.
М.П.