Златан Ибрахимовиќ и Лионел Меси продолжуваат да рушат рекорди во Лигата на Шампиони. Двајцата се запишаа во листата на стрелци во првата пресметка на “Паркот на Принцовите“ во Париз која заврши без победник 2-2.


Златан Ибрахимовиќ е единствениот фудбалер кој со шест различни клубови постигнал голови.


Еве ја комплетната листа.
Ајакс (6 гола во 19 меча; 2002–03 ,2003–04)
Јувентус (3 гола во 19 меча; 2004–05 ,2005–06)
Интер (6 гола во 22 меча; 2006–07 , 2008–09)
Барселона (4 гола во 10 меча; 2009–10)
Милан (9 гола во 14 меча; 2010–11,2011-12).
ПСЖ (3 гола во 8 меча; 2012–13).


Аргентионскиот виртуоз Лионел Меси со погодокот во првиот дел стигна до “котата“ 59 во Лигата на Шампиони. Тој се изедначи на третата позииција со украинскиот интернационалец Андреј Шевченко. Само еден гол повеќе од него има постигната холандската машина за голови Руд Ван Нистелрој.


Со 71 постигнат гол листата ја предводи легендарната “седумка“ на Реал Мадрид , Раул Гонзалес. Раул 71 гол постигна во 144 натпревари, додека Меси има одиграно “само“ 77 меча притоа постигнувајќи 59 гола 

ohridnews