Фудбалерите на Пари Сент Жермен изборија ново учество во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако во осминафиналето два пати со идентични (2-1) го совладаа Челзи.
Францускиот шампион и пред осминафиналните мечеви со Челзи важеше за фаворит, поради се она што на „сините“ им се случува во тековната сезона, а тоа го покажа и на теренот со двете победи.
Откако пред три недели на домашен терен славеше со 2:1, ПСЖ со ист резултат го доби и реваншот на „Стемфорд Бриџ“, во Лондон. Играч на натпреварот беше Златан Ибрахимовиќ кој асистираше за првиот и го постигна вториот гол за својот тим.
Ди Марија ја имаше првата шанса на мечот, но Ивановиќ во шестат минута спречи водство на гостите. Десет минути подоцна Мота, Ди Марија и Ибрахимовиќ одлично комбинираа, шведскиот репрезентативец испрати центаршут на поддалечната статива каде што беше Рабио, кој погоди за 0:1.
Челзи израмни 11 минути подцна, Мота загуби топка во опсаната зона, Вилијан одигра за Диего Коста, кој најпрвин убав се ослободи од Тијаго Силва,а потоа го совлада Трап. До крајот на полувремето Фабрегас и Коста се обидоа од далечина, но резултатот остана непроменет.
Покреативен беше Челзи и на стартот од второто полувреме, но без конкретна шанса, додека ПСЖ се потпираше на индивидуалниот квалитет на Ди Марија и Ибрахимовиќ.
Две одлични шанси Челзи пропушти во 65.минута, но Трап го спаси својот тим, најпрвин го одбрани ударот на Вилијан, а потоа и на Азар.
Казната стигна две минути подоцна, ПСЖ одигра слична акција како и при постигнувањето на првиот гол, Мота протна топка зад одбраната на Челзи, Ди Марија испрати совршен центаршут, а Ибрахимовиќ ритунски реализираше за конечни 1:2.
ПСЖ им се приклучи на Реал Мадрид, Волфсбург и Бенфика кои претходно обезбедија четвртфинале.
OhridNews












