Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими беше стрелец на погодокот за Марибор во ремито Челси 1-1 во четвртата рунда од Лигата на Шампиони.
Ибраими во 50-та минута од работ на 16-те метри со одмерен и мошне прецизен удар го матираше Петр Чех и донесе водството за домаќините.
Радоста на Ибраими и навивачите на Марибор ја скрати Немања Матиќ во 73-та минута. „Сините“ во 86-та минута имаа шанса за победа, но Еден Азард не успеа реализира од белата точка.
Резултати :
Група Е : Баерн Минхен – Рома 2-0, Мен Сити – ЦСКА Москва 1-2.
Табела : Баерн Минхен 12, Рома 4, ЦСКА 4, Мен Сити 2.
Група Ф : Ајакс – Барселона 0-2, ПСЖ – АПОЕЛ 1-0
Табела : ПСЖ 10, Барселона 9, Ајакс 4, АПОЕЛ 1.
Група Г : Марибор – Челси 1-1, Спортинг – Шалке 4-2.
Табела : Челси 8, Шалке 5, Спортинг 4, Марибор 2.
Група Х : Атлетик Билбао – Порто 0-2, Шахјтор – БАТЕ Борисов 5-0.
Табела : Порто 12, Шахјтор 8, БАТЕ 3, Атлетик Билбао 1.
Мх.П.