Екипите на Барселона и Јувентус забележаа идентична победа (2-1) над Манчестер Сити односно Борусија Дортмунд во првите осминафинални натпревари од Лигата на Шампиони.


Триумфот на Барселона е со поголемо значење бидејќи каталонците успеаја да постигнат два погодоци во гости. Стрелец на двата погодоци беше Луис Суарез, кој му зададе два фатални удари на домаќините во 16-та односно 30-та минута. Почесниот погодок за домаќините беше дело на Серхио Агуеро.


За разлика од Барселона, „бјанконерите“ пред своите гледачи го совладаа Дортмунд со 2-1 и оставија дилемите околу патникот во осминафиналето да се решаваат во Германија. Карлос Тевез и Алваро Мората стрелаа за Јувентус додека голот за надеж за „милионерите“ го постигна Марко Ројс по киксот на Џорџо Киелини.


Првата осминафинална фаза ќе се комплетира со натпреварите меѓу Арсенал – Монако односно Леверкузен – Атлетико Мадрид.

Мх.П.