Фудбалерите на Порто и Барселона забележаа идентични победи (3-1) над Баерн Минхен односно Пари Сент Жермен во првите четвртфинални натпревари во Лигата на Шампиони.


Сепак, двете екипи ќе имаат различна предност во реванш натпреварите бидејќи Порто славеше пред своите гледачи, а каталонците го покорија Парис.

Два од трите погодоци за португалците постигна Рикардо Кварезема, а третиот беше дело на Џексон Мартинез. Погодокот, кој влева надеж за „баварците“ пред реваншот беше дело на Тијаго Алкантара.


„Светците“ немаа одговор за триото Луис Суарез, Нејмар и Лионел Меси кои учествуваа во сите три голови за каталонците.

Мх.П.