Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Јаја Туре го навлече гневот од навивачите откако целосно потфрли во полуфиналниот двомеч со Реал Мадрид кој англичаните го загубија со вкупен резултат (1-0).
„Граѓаните“ не покажаа ниту желба, ниту жар, ниту пак дрскост за пласман во финалето, што знаеше да го искористи Реал Мадрид и си закажа меч со градскиот ривал, Атлетико во финалето.
Туре во мечот со „кралевите“ влезе повреден, но тој буквално се шеташе по теренот и менаџерот Мануел Пелегрини во 61-та минута мораше да го извади за да го спречи од свирежи од своите навивачи кои после завршувањето на полуфиналето го распнаа на социјалните мрежи.
Со неговата игра Туре си го трасираше излезниот пат од Етихад кој по назначувањето на Пеп Гвардиола сам си го одбра.
OhridNews