Разочарувањето во составот на Вардар е големо по елиминацијата од Будуќност во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.
Црногорските ракометарки втора година во низа се подобри од Вардар во полуфиналето, но овој пат далеку поубедливо од минатата сезона.
– Ништо не исполнавме на натпреварот од она што се договаравме претходно и многу сум разочарана од моите ракометарки. Но, мора да ги кренеме високо главите бидејќи утре не очекува нов меч и предизвик. – рече Индира Кастратовиќ.
Играчите не го криеаја незадоволството од лошата престава која им ги затвори вратите за пласман во финалето од Лигата на Шампиони.
– Потфрливме кога требаше да одиграме феноменално. Вината за поразот треба да ја бараме во нашите редови особено во играта во одбраната. – истакна Андреа Пенезиќ.
Во битката за третата позиција „црвено црните“ ќе се сретнат со Динамо Волгоград, кој претрпе пораз од Ларвик во 1/2 финалето.
Мх.П.