Нов ден и ново дерби во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, зачинето со еден интересен меч од кој се очекуваат многу возбудувања. На Алијанц арената силите ќе ги одмерат Баерн Минхен – Арсенал, додека „кралевите“ на Сантијаго Бернабеу ќе го пречекаат тимот на Наполи.
Арсенал кој заврши на првата позиција во групата го извлече најтешкиот противник од вториот шешир. „Баварците“ се наоѓаат во одлична форма победувајќи на 9 од последните 10 натпревари. „Топчиите“ пресметка со Баерн Минхен ја најавија со триумфот на Хул 2-0.
„Топчиите“ никогаш до сега го немаат минато германскио гигант во нокаут фазата, а последната пресметка на Алијанц Арената му припадна на домаќините со убедливи 5-1.
Особен интерес привлекува и мечот на Сантијаго Бернабеу во кој ќе се сретнат Реал Мадрид и Наполи. „Кралевите“ се големи фаворити, но „азурите“ сезонава покажаа дека знаат да бида многу незгодни ако некој ги потцени.
Натпреварите од денешната програма се играат во 20 и 45 часот.
OhridNews