Шпанскиот првак, Барселона и германска Борусија од Дортмунд им се придружија на Реал Мадрид и Баерн Минхен меѓу најдобрите осум на стариот континет.

Каталонците пред своите гледачи го направија до сега невозможното анулирајќи четири голови (4-0) негатива од првиот натпревар после победата на Пари Сент Жермен со 6-1. Домаќините преку Суарез, автоголот на Курзава и Меси стигнаа до гол за сензација, но Кавани со погодокот само ја одложи историската церомонија на каталонците. Во финишот со два голови на Нејмар, Барселона се врати во игра, а Серхио Роберто со гол во 5-та минута од судиското продолежение ја награди екипата за желбата и одлучноста. 


Фудбалерите на Борусија Дортмунд, односно Пјер Омерик Обамејанг со камата им ги наплати промашувањата на Бенфика во првиот меч кој германците го изгубија (1-0). Напаѓачот постигна три од четирите голови во триумфот 4-0 кој ги лансираше во ТОП 8 екипите во Лигата на Шампиони.


Возбудувањата во ЛШ продолжуваат следната недела со натпреварите Јувентус – Порто, Лестер – Севиља, Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен, Монако – Манчестер Сити.

OhridNews