Италијанскиот првак Јувентус му одржа лекција на англискиот шампион Манчестер Сити победувајќи го (2-1) на Етихад во првата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.


„Старата дама“ како многу пати до сега се издигна над сите проблеми и одигра машки и храбро против тимот кој во Премиер лигата нема примено ниту еден погодок.

„Граѓаните“ со автоголот Џорџо Киелини во 50-та минута поведоа со 1-0, но тоа беше се што направија на мечот со италијаните.


„Бјанконерите“ во 70-та го изедначија резултатот преку хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ, а во 81-та Алваро Мората погодува за пресврт 2-1 и конечна победа.


Резултати :

Група А : Пари Сен Жермен-Малме 2-0, Реал Мадрид-Шахтјор 4-0

Група Б : Волфсбург – ЦСКА Москва 1-0, ПСВ Ајндховен  -Манчестер Јунајтед 2-1


Група Ц : Галатасарај – Атлетико Мадрид 0-2, Бенфика – Астана 2-0


Група Д : Манчестер Сити – Јувентус 1-2, Севилја – Борусија Менхенгладбах 3-0.

Мх.П.