Манчестер Јунајтед без Вејн Руни во почетниот состав ќе му се спротистави на Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.


Потегот на манеџерот на “црвени ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон за изоставување на Руни од составот е чуден, неготовото место во нападот го зазеде Велбек, кој го постигна водечкиот гол на Бернабеу.

Португалскиот стратег на клупата од Реал Мадрид, Жозе Мурињо не менуваше премногу и на Олд Трафорд ќе истрча со најдобрите фудбалери.

Манчестер Јунајтед : Де Геа, Рафаел, Фердинанд, Евра, Видиќ, Керик, Клеверли, Нани, Велбек, Гигс, Ван Перси.

Реал Мадрид : Диего Лопез, Арбеола, Варан, Серхио Рамос, Коентрао, Чаби Алонсо, Кедира, Ди Марија, Озил, Роналдо, Игуаин.

Довербата да го води “финалето пред финалето“ му припадна на турскиот арбитар Сунејт Чакир. Мечот се игра во 20:45 минути.

Мх.П.