Италијанскиот првак Јувентус ослабен ќе му се спротистави на германскиот првак Баерн Минхен во реваншот на Алијанц Арената од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
Стручњакот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри поради повреди на располагање ќе ги нема Пабло Дибала и Клаудио Маркисио кои се повредија на дуелот со Сасуло во Серија А.
Јувентус на Алијанц Арената ќе брка пласман во 1/4 финалето, но ќе мора да ги надохнади два голови во гости на Баерн Минхен кој ги постигна во ремито 2-2 во Торино.
Мечот во Минхен се игра в среда со кој ќе се комплетираат сите учесници во втората елиминациска фаза во ЛШ.
OhridNews