Италијанскиот првак Јувентус во реванш натпреварот со Борусија Дортмунд во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони ќе настапи без Андреа Пирло.
„Командандот“ во средината од теренот не успеа да се опорави од повредата добиена на првиот осминафинален меч одигран во Торино.
– На последните прегледи повредата на Пирло покажа голем напредок, но не доволен за да настапи. Тој ќе продолжи со индивидуалните тренинзи до целосно закрепнување. – стои во соопштението од Јувентус.
Германците ќе направат се да ја стигнат предноста на „бјанконерите“ 2-1 од првиот натпревар и да обезбедат пласман во 1/4 финалето.
Мх.П.