Актуелниот првак во Италија, Јувентус и лидерот во француското првенство, Монако им се придружија на шпанските Реал и Атлетико Мадрид во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони.


„Старата дама“ на Камп Ноу ремизирајќи без голови 0-0 ја одбрани стекната предност од првиот натпревар во Торино кој го доби со 3-0. Каталонците немаа сила, а ниту можност за сензација во 1/4 финалето.

„Кнезовите“ со нов триумф овој пат 3-1 над Борусија Дортмунд го заверија пласманот во 1/2 финалето. Французите полуфиналните врати широко си ги отворија со победата 3-2 на Вестфален пред недела дена.

Ждрепката за полуфиналните двојки ќе биде в петок со почеток во 12 часот.

OhridNews