Фудбалерите на Јувентус ја добија со 2-1 првата битка од полуфиналната војна со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони.


„Бјанконерите“ носени од домашната публика во транс го започнаа мечот и од неколкуте шанси успеаја да реализираат преку Алваро Мората во 9-та минута.


Примениот погодок ги разбуди и свести „кралевите“. Гостите ја презедоа контролата врзи играта и со погодокот на Кристијано Роналдо во 27-та минута го изедначија резултат.


Ново водство и конечна победа за домаќините донесе Карлос Тевез во 58-та минута погодувајќи од пенал, кој сам го изнуди.


Сепак, дилемите околу патникот во финалето ќе се разрешат за една седмица во реваншот, кој ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Мх.П.