Екипата на Севиља стекна минимална предност пред своите гледачи совладувајќи го Лестер со 2-1, додека италијанскиот првак Јувентус зачекори кон четвртфиналето во Лигата на Шампиони, откако на Драгао со 2-0 го совлада Порто во првиот натпревар од осминафиналето.


„Старата дама“ бројчаната предност на теренот од 27-та минута кога исклучен беше Телес ја искористи после скоро 50-тина минути кога нововлезниот Пјаца ја погоди мрежата. Две минути подоцна нов играч од клупата погоди за Јувентус овој пат „џокер“ беше Дани Алвес.

Севиља со головите на Сарабија и Кореја имаше добар резултат пред своите гледачи, но да биде се отворено на реваншот на „Кинг Пауер“ стадионот се погрижи Џејми Варди кој го ублажи поразот.

Со овие два мечеви се комплетираше првата фаза во осминафиналето, а реванш натпреварите почнуваат на 8 и 9 март.

OhridNews