Италијанскиот првак Јувентус и водечката екипа во Премиер лигата, Манчестер Сити им се придружија на Реал Мадрид и Ливерпул во ТОП 8 во Лигата на Шампионите.

„Старата дама“ на свој препознатлив начин го елиминираше Тотенхем со вкупен резултат 4-3. „Бјанко-нерите“ немаа позитивен резултат после првите 90 минути во Торино, а немаа ниту после еден час игра во Лондон, но триминутен блесок им ги отвори четвртфиналните врати. Тотенхем поведе со 1-0 со голот на Сон, но Јуве го немаше кажано последниот збор. Во 64-та минута Игуаин изедначи на 1-1, а три минути подоцна Дибала погоди за 2-1. Тој резултат се покажа конечен и доволен за италијаните да се израдуваат на Вембли.

Манчестер Сити не го задржа чист својот образ во 1/8 финалето, откако дозволи Базел да победи на Етихад 2-1, но не и доволно да ја надохнади негатива 4-0 од првиот натпревар. „Граѓаните“ очекувано ја контролираа играта и поседот на топка, но Базел беше тој што постигна два погодоци и победи. Сепак, голем дел од работите пулените на Пеп Гвардиола решија во првиот меч и имаа право на грешка.

Реванш мечевите во 1/8 финалето продолжуваат следната недела со преостанатите четири мечеви Севиља – Мен Ју 0-0, Барселона – Челси 1-1, Бешикташ – Баерн Минехн 0-5 и Рома – Шахјтор 1-2.

OhridNews