Капитална предност за Барселона после победата над Арсенал (2-0) и возбудливо реми (2-2) меѓу Јувентус и Баерн Минхен е епилогот од првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампиони.
Бранителот на трофејот во европскиот фудбалски крем Барселона на крилата од Лионел Меси го покори Лондон. Аргентинецот со два погодоци во второто полувреме го замолкна Емирати и најави пласман во четвртфиналето.
„Баварците“ можат да жалат што уште во Торино не го заверија пласманот меѓу осумте најдобри. Германците со головите на Томас Милер и Арјен Робен поведоа со 2-0, но „бјанконерите“ се вратија од „мртвите“ со погодоците на Дибала и на Стураро и оставија шанса за реваншот на Алијанц Арената.
Повратните натпревари во осминафиналето се играат за две седмици во Минхен односо Барселона.
OhridNews











