По завршувањето на финалниот натпревар во Лигата на Шампиони во кое Барселона го освои петтиот трофеј по триумфот (3-1) над Јувентус емоциите беа различни на двете страни.
Фудбалерите на Јувентус беа избезумени и скршени од тага на дел од теренот додека фудбалерите од Барселона се радуваа по целиот стадион со знамиња развиорени од своите земји.
– Беше ова теша година за сите нас во клубот. Не верував во тројна круна, но момците покажаа дека не се заситени од освојување на титули. Тие се вистински победници и без нив мојата работа ќе немаше воопшто смисла. – рече тренерот на Барселона, Луис Енрике.
„Старата дама“ сруши неславен рекорд во ЛШ претрпувајќи четири порази во серија во финалните натпревари.
– Многу сум разочаран бидејќи силно верував во себе и во екипата дека можеме да победиме. Морам ова вака јавно да го кажам бидејќи неможам да го чувам во себе како што го правев низ мојата кариера. Затоа фудбалот и спортот се такви какви што се. На нашите навивачи им приредивме доста радости, но останува тагага за последниот чекор до трофејот. – потенцираше капитенот на „бјанко-нерите“ Џиџи Буфон.
Јувентус остана на трите титули додека Барселона со пет им се придружи на Ливерпул и Баерн Минхен. Најтрофеен е Реал Мадрид со десет, а второпласиран е Милан со седум златни одличја.
Мх.П.