Ливерпул на Енфилд претрпе пораз од Реал Мадрид 3-0 во Лигата на Шампиони, а италијанскиот фудбалер Марио Балотели имаше епизодна улога.


Тој настапи само во првото полувреме и не покажа ништо иако беше најавуван како големо засилување за „црвените“ по заминувањето на Луис Суарез.

Балотели по завршување на првиот дел го смени дресот со Пепе што предизвика бурни реакции од навивачите на Ливерпул.

Мх.П.