Пари Сент Жермен недела дена после сензационалната елиминација од Барселона во Лигата на Шампиони писмено реагираше за судењето на Дениз Ајтекин до Европската куќа на фудбалот (УЕФА).


Челниците од францускиот првак наведоа седум кардинални грешки на германскиот судија во текот на мечот кој „светците“ го изгубија 6-1 и отпаднаа.

Прва грешка на Ајтекин е недосудениот пенал после играњето со рака на Маскерано, потоа недоделениот втор жолт картон на Пике и досудениот пенал за Барселона после случајниот фаул од Муниер над Нејмар.


Исто така од ПСЖ реагираат за неспортскиот потег на Нејмар кој без топка го удри Маркињос, за играта со рака на Пике, за стартот на Маскерано над Ди Марија при резултат 3-1 и за пеналот досуден после театралниот пад на Луис Суарез.


Претседателот на судискиот одбор Пјерлујџи Колина се уште се нема изјаснато за судењето на Ајтекин иако во медиумите имаше информација дека тој ќе биде суспендиран до крајот сезоната, а можеби и повеќе.

OhridNews