Навивачите на Галатасарај незадоволството од поразот 4-1 од Арсенал во Лигата на Шампиони го истурија врз инвентарот на „Емирати“.
Тие прво запалија оган на стадионот со што го загрозија продолжението на мечот, а подоцна ги искршија столчињата на кои седеа.
Дисциплинците на УЕФА дополнително ќе го разгледуваат случајот и ќе донесат одлука за дивеењето на турските навивачи во Лондон.
Ohridnews