Маестралниот натпревар и учинок на Игор Карачиќ во победата на Вардар над Мешков Брест во Лигата на Шампиони му донесе место во идеалниот тим. Хрватскиот репрезентативец реализираше вкупно 11 погодоци и сам му пресуди на екипата од Белорусија.

„Црвено црните“ на дуелот со Мешков Брест ја забележаа петтата победа и ја продолжија трката рамо до рамо со Барселона која има ист скор како македонскиот првак.

ЕХФ во изборот на најдобрите голови и одбрани не вклучи уште некој ракометар на Вардар или пак од Металург, кој се израдува на првата победа сезонава.

Изборот на најдобрите играчи можете да го погледнете на следниов линк ТУКА.

Идеалниот тим:

Лево крило: Александар Вестби (Силкеборг)

Лев бек: Игор Карачиќ (Вадар)

Среден бек: Ајденас Малашинскас (Мотор)

Десен бек: Мелвин Ричардсон (Монпеље)

Десно крило: Михал Дашек (Висла Плоцк)

Пикер: Јаник Колбахер (РНЛ)

Голман: Бенјамин Буриќ (Флензбург)

OhridNews