Маестралната престава на Игор Карачиќ во поразот на Вардар од Веспрем 23-24 не остана незабележана. Тој постигна осум погодоци што беше доволно ЕХФ да го вклучи во најдобриот тим во петтата рунда во Лигата на Шампиони.
Исто така неможе ново коло да помине во ЛШ без ниту една бравурозна интервенција на Арпад Штербик. Чуварот на мрежата на Вардар во решавачките моменти успеа да фати жива топка, но и тоа не беше доволно за победа на крајот.
Прв во конкуренција на одбрани е голманот на Веспрем, Роланд Миклер, кој успеа да го скроти ударот од седум метри на Брумен во клучните мигови од мечот.
Иако капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров реализираше десет погодоци на мечот со Флензбург тој не се најде меѓу најдобрите седум. Десната бековска позиција ја зазеде ракометарот на Европскиот првак Холгер Гландорф, кој имаше 11 голови.
Видеото од најдобрите играчи можете да го погледнете тука.
Видеото од најдобрите голмански одбрани можете да го погледнете тука.
Мх.П.