Ракометарите на Веспрем со голема предност заминуваат од Скопје по првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампиони победувајќи го Вардар со 29-26.


Веспрем резултатски имаше констатно контрола во текот на натпревар, а на моменти предноста достигнуваше и пет погодоци. „Вардарци“ се вратија во игра и оставија шанси за чудо во реваншот.

– Добро го започнавме мечот, но така и Веспрем влегуваше во ритам. Имавме многу тешкотии да постигнеме погодок во напад, што вешто го искористи составот на Веспрем. Најмногу ми е криво за навивачите кои уште еднаш создадоа фантастична атмосфера која секој спортист може да ја посака. За реваншот во Унгарија мора да веруваме во чудо иако ќе биде многу тешко. – рече Игор Карачиќ.


Токму „црвениот црн“ пекол го величеше крилото левото крило Кристија Угалде, кој изјави: – Беше неверојатно да се игра овде, пред овие гледачи, ова е една од најдобрите атмосфери. Одигравме сериозен меч, бевме добри, продолживме да се бориме до крајот на мечот и конечно победивме. Три гола е добар резултат, но може и да бидат ништо за нив, видовме дека за неколку минути може да ја стигнат. Ништо не е сигурно но знам дека и тој натпревар во Веспрем ќе биде фантастичен.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди „виза“ за Ф4 турнирот во германскиот град Келн.

ЛШ: Веспрем ја доби првата битка од војната со Вардар

OhridNews