Еден од двата тима кои на „Милениум“ стадионот во Кардиф ќе се борат за титулата во финалето во Лигата на Шампиони ќе биде Јувентус. Италијанскиот состав во 1/2 финалниот двомеч успешно ја мина екипата на Монако со вкупен резултат (4-1). „Старата дама“ пред своите гледачи со триумф од 2-1 го завери пласманот во финалето.
Половина час им беше потребен на домашните фудбалери да го скршат отпорот на „кнезовите“ кои имаа неколку прилики за погодок. Резултатот го отвори Марио Манџукиќ кој од втор обид го совлада својот сонародник Субашиќ. Хрватот до крајот на првиот дел уште еднаш ја извади топката од својата мрежа, откако Дани Алвес погоди со волеј удар надвор од казнетиот простор. Во вториот дел, Монако постигна почесен погодок преку М`бапе и го ублажи поразот (2-1).
Во финалето Јувентус ќе атакува на третата титула во ЛШ, а противник ќе му биде подобриот од Реал и Атлетико Мадрид. Во првиот меч „кралевите“ славеа со високи 3-0.
OhridNews