Искусниот дефанзивец Џорџо Киелини ги загрижи Масимилијано Алегри и навивачите на Јувентус ширум светот пред финалето во Лигата на Шампиони со Барселона откако поради повреда предвреме го напушти тренингот во средата.


Киелини, кој ги одигра сите натпревари за „бјанко-нерите“ во Лигата на Шампиони се пожали на болки во мускулот од левата нога.

– Нема место за паника поради повредата на Киелини, кој ја доби по еден лесен дуел. Деталните прегледи ќе покажат за што се работи, но се чини дека повредата не е сериозна. – соопштија од италијанскиот првак.

Под полна пареа веќе неколку дена работи Андреа Барѕаљи, кој се повреди на дуелот со Наполи во Серија А што сигурно е олеснителна околност за тренерот на „старата дама“.

Мх.П.