Полскиот ракометен првак Киелце за прв пат ќе игра во финалето од Лигата на Шампиони откако во полуфиналето со 28-26 (16-16) го совладаа Пари Сент Жермен.


Пласманот во финалето е трета среќа на полјаците кои два пати во серија во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Келн губеа од Барселона.

Дрим тимот на ПСЖ речиси цело прво полувреме го контролираше резултатот, а имаше и три погодоци предност.

Киелце го стегна обрачот пред голот во второто полувреме што им донесе водство од 2-3 погодоци. „Светците“ најдоа начин за полскиот бедем и го презедоа водството 24-23.

Во финишот од мечот ракометарите на Киелце направија серија од 5-1 и си ги отворија вратите за финалниот натпревар кој ќе се одигра в недела со почеток во 18 часот.

OhridNews