Европскиот шампион, Киелце го презеде врвот од табелата во Б групата, откако во дербито на колото го совлада македонскиот првак, Вардар 27-24 (15-12).


„Црвено црните“ во Полска одиграа меч по своите можности, особено во нападот кој направи дури 15 технички грешки.

Одбраната предводена од Милиќ кој имаше 11 интервенции сите во вториот дел го надополнуваше слабиот и инфериорен напад.


Вардар околу 52-та минута со серија 4-0 изедначи (22-22) и комплетно се врати во игра за поволен резултат.

Во финишот од натпреварот, полјаците имаа повеќе среќа и „мирна рака“ во нападот и со 5-2 стигнаа до триумф кој ги лансираше на врвот од табелата.


Рајхман, Штрлек и Агинагалде постигна по четири голови во составот на Киелце, а во тимот на Вардар се истакнаа, Карачиќ и Душебаев со пет погодоци.

OhridNews