Десеткратниот европски првак Реал Мадрид со минимални 1-0 го совлада Пари Сент Жермен во дербито на колото во Лигата на Шампиони.
Голманското невнимание на Кевин Трап по ударот на Тони Крос го искористи Начо кој со првиот допир на топката го постигна решавачкиот погодок на мечот.
„Светците“ имаа свои шанси за изедначувачки погодок, но голманот Кејлор Навас одново ја покажа својата врна форма и го зачува водството.
Резултати :
Група А : Реал Мадрид – ПСЖ 1-0, Шахјтор – Малме 4-0
Табела : Реал Мадрид 10, ПСЖ 7, Шахјтор 3, Малме 3.
Група Б : Мен Ју – ЦСКА Москва 1-0, ПСВ – Волфзбург 2-0
Табела : Мен Ју 7, ПСВ 6, Волфзбург 6, ЦСКА Москва 4.
Група Ц : Астана – Атлетико Мадрид 0-0, Бенфика – Галатасарај 2-1
Табела : Бенфика 9, Атлетико Мадрид 7, Астана 5, Галатасарај 4.
Група Д : Менхенгладбах – Јувентус 1-1, Севиља – Манчестер Сити 1-3
Табела : Мен Сити 9, Јувентус 8, Севиља 3, Менхенгладбах 2.
Мх.П.











