Германскиот шампион Кил со 35-16 (18-3) го совлада македонскиот првак Металург во деветтото коло од Лигата на шампиони.
Младите ракометари на Металург одиграа полувреме за заборав постигнувајќи само три погодоци.
Германците го помилуваа Металург откако по фуриозното прво полувреме (18-3) во второто кренаа „рачна“ и не напаѓаа со голем интензитет.
Сепак, гостувањето во Кил треба и мора да биде лекција за голобрадите момчиња на Металург, кој ги минува најтешките моменти во историјата.
Ohridnews