Екипата на Кил закажа четвртфинален двомеч со Барселона, откако во осминафиналето го мина ривалот од домашното првенство Рајн Некар Левен со вкупен резултат 50-49.


На теренот од противникот во Манхајм ракометарите на Кил победија со 26-24 и ја надополнија негативата од еден гол (25-24) од првиот натпревар.

Натпреварот кој беше окарактеризиран за меч на неделата го водеа арбитрите од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Германското дерби означи почеток на осмифиналните натпревари кои ќе ги дадат патниците во четвртфиналето каде веќе се наоѓа македонскиот шампион Вардар кој заврши на првата позиција.

OhridNews