Германскиот стручњак Јирген Клоп и фудбалерот Филипе Кутињо ги надминаа проблемите и Бразилецот ќе конкурира за место во составот на Ливерпул против Севиља во Лигата на Шампиони.
Кутињо надвор од стројот беше од почетокот на сезоната, односно кога започна сапуницата околу неговиот трансфер во Барселона. „Црвените“ ја одбија мултимилионска понуда, а Кутињо побара дозвола за трансфер што ги налути челниците на клубот и менаџерот Клоп.
– Одлуката за враќање на Кутињо во составот е моја, исто како и одлуката за изостасувањето. Почнуваме да играме среда – недела и потребни ми се играчи и немаме право повеќе никој да штедиме. Тешко ќе му биди да се врати, но јас верувам во него и во неговите квалитети. – рече Клоп.
Ливерпул натпреварот од првата рунда во фазата по групи во ЛШ против Севиља го игра в среда на Енфилд во 20 часот и 45 минути.
OhridNews