Кристијано Роналдо одново е во центар на светското внимание, но не поради голот кој го постигна во ремито (2-2) меѓу Борусија Дортмунд – Реал Мадрид туку за „клоцата“ која му удри на Марсел Шмелцер. Роналдо и фудбалерот на „милионерите“ имаа блиска средба по која Португалецот падна и го закачи со клоца противникот.
УЕФА се уште се нема изјаснато дали ќе спроведе постапка против Роналдо, бидејќи намерното удирање без топка е строго забрането и казниво во фудбалот.
OhridNews