Германскиот бундеслигаш Волфзбург со триумфот над Реал Мадрид (2-0) одново покажа дека теренот не познава и признава фаворити. До победата „волците“ стигнаа со храбрата и борбената игра во текот на целиот натпревар. Сите честитки после мечот заминаа на адреса од Виериња кој со скршен заб го заврши дуелот со Реал Мадрид.


Виериња го загуби забот по дуелот со Тони Крос, кои пак подоцна ги разменаа дресовите во соблекувалните.

OhridNews