Со одигрувањето на последната рунда во групната фаза во Лигата на Шампиони се комплетираа 16-те екипи учесници во елиминациската фаза. Арсенал и Челси победија над Олимпијакос (3-0) и Порто (1-0) и спречија нов срам на Премиер лигата откако Манчестер Јунајтед во групната фаза ги заврши мечевите.


Група Е

Рома се провлече во осминафиналето благодарение на Барселона која остана непоразена во Леверкузен. Римјаните на домашен терен одиграа без голови со БАТЕ Борисов, а без победник (1:1) заврши и мечот Баер Левркузен-Барселона, на кој Каталонците настапија со резервен состав, а ‘фармацевтите’ во второто полувреме не реализираа три големи шанси за победа.

Рома-БАТЕ Борисов 0:0, Баер Леверкузен-Барселона 1:1

Табела: Барселона 14, Рома 6, Леверкузен 6, БАТЕ 4

Група Ф 

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру постигна три гола и му обезбеди осминафинале на Арсенал во директниот дуел со Олимпијакос. Во Загреб, Баерн со половина сила славеше над Динамо со двата гола на Левандовски.

Резултати : Олимпијакос-Арсенал 0:3, Динамо Загреб-Баерн Минхен 0:2,  

Табела: Баерн 15, Арсенал 9, Олимпијакос 9, Динамо 3

Група Г 

Двете средби во оваа група завршија според прогнозите, со победи на Челзи и Динамо Киев, иако ‘сините’ на Мурињо се далеку од вистинската форма.

Резултати : Челзи-Порто 2:0, Динамо Киев-Макаби 1:0

Табела: Челзи 13, Динамо 11, Порто 10, Макаби 0

Група Х

Гент го постигна најголемиот успех во клупската историја, откако во својата деби сезона во Лигата на шампионите избори пласман во нокаут рундата. Гент славеше над Зенит со 2:1 и на рускиот шампион му го нанесе првиот пораз сезонава во елитното натпреварување.

На вториот меч Лион му го расипа дебито на Гери Невил на клупата на Валенсија со триумфот од 2:0.

Резултати : Гент-Зенит 2:1, Валенсија-Лион 0:2

Табела: Зенит 15, Гент 10, Валенсија 6, Лион 4.

Ohridnews