Реал Мадрид и Баерн Минхен им се придружија на Ливерпул и Рома и ги заокружија учесниците во полуфиналето во Лигата на Шампиони.

„Кралевите“ пласман во ТОП 4 на стариот континент изборија со контроверзен пенал во последните мигови од судиското продолжение, откако Јувентус со двата голови на Манџукиќ и едниот на Матуиди ја надополнија негативата од Торино.

Бенатија стартуваше над Лукас Васкез, а англискиот судија Мајкл Оливер без размислување досуди пенал. Гол за полуфинале постигна Роналдо кој го матираше Шчезни. После досудениот пенал поцрвена Буфон за кого можеби циркузот на Сантијаго Бернабеу беше последен во ЛШ. 

Победата во Шпанија (2-1) се покажа доволна за „баварците“ кои ремизираа 0-0 на домашен терен во реванш мечот со Севиља и се пласираат во ТОП 4. 

Ждрепката за полуфиналните мечеви ќе се одржи во петок со почеток во 13 часот. 

OhridNews