Манчестер Сити го дели уште едно полувреме за пласман 1/4 финалето од Лигата на Шампиони, но нема по добро да го памети мечот со украински Динамо Киев на Етихад. „Граѓаните“ за само 22 минути игра останаа без двајцата централни дефанзивци Винсент Компани и Николас Отаменди кои ја напуштија играта поради повреди.
Прво се повреди Компани во 5-та минута, а во 22-та се повреди и Отаменди кој пак беше стандарден првотимец сезонава. На нивно место влегоа Езекил Мангала и Мартин Демикелис. Инаку, на Етихад по првиот дел беше (0-0), а англичаните имаат предност (3-1) од првиот натпревар одигран во Киев.
Повредите на Компани и Отаменди доаѓаат во незгоден момент за менаџерот Мануел Пелегрини кој ќе има сериозни проблеми со составот за градското дерби со Манчестер Јунајтед во Премеир лигата.
OhridNews