Фудбалерите на Реал Мадрид на гостувањето на „Алијанц Арената“ во првиот меч со Баерн Минхен во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони ќе бидат без помошта од Португалецот, Пепе.
Дефанзивецот скрши две ребра на градското дерби со Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе ги пропушти двата четвртфинални мечеви и неколку натпревари од Ла Лига.
Стратегот на „кралевите“, Зинедин Зидан ќе биде на големи искушенија за стоперскиот тандем, бидејќи пред недела дена се повреди Рафаел Варан и во тимот единствен здрав централен дефанзивец е Серхио Рамос.
Друштво на капитенот во дефанзивната линија во четвртфиналниот двомеч се очекува да му прави Начо кој до сега играше неколку пати на стоперската позиција.
Првиот четвртфинален натпревар во Минхен се игра в среда со почеток во 20 часот и 45 минути.
OhridNews