Бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид ја доби првата битка со минхенски Баерн во 1/2 финалето победувајќи го со пресврт 2-1 на „Алијанц Арената“.

„Баварците“ иницијативата на почетокот на натпреварот ја капитализираа со погодокот на Џошуа Кимих во 28-та минута од натпреварот. „Кралевите“ иако делуваа летаргично брзо се созедоа и пред крајот на полувремето преку Марсело го изедначија резултатот.

 

Во вториот дел домашните фудбалери повторно ја имаа топката во своите нозе, но едно мало невнимание ги чинеше второ погодок во мрежата. Молскавичната контра во погодок ја претвори Марко Асенсио кој во игра влезе на стартот од вторите 45 минути. 

Втората битка во полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се одвива на Сантијаго Бернабеу на 1 мај.

OhrdNews