Екипите на Реал Мадрид и Волфзбург се првите четвртфиналисти во Лигата на Шампиони елиминирајќи ги Рома односно Гент во осминафиналната фаза.
„Кралевите“ со идентични 2-0 како и на првиот меч ја совладаа Рома и со вкупни (4-0) го потврдија пласманот меѓу осумте најдобри на стариот континент.
Со елиминацијата на „волчицата“ во нокат мечевите фудбалерите на Реал Мадрид го срушија италијанското проклетство во европските натпреварување кое ги „прогонува“ 29 години.
И тимот на Волфзбург со нова втора победа (1-0) над Гент го завери пласманот во понатамошната фаза. Германците првиот меч во Белгија го добија со 3-2, а во реваншот не дозволија изненадување.
OhridNews











