Европскиот и шпанскиот првак, Реал Мадрид го сруши долгогодишното проклество на „Сигнал Идуна Парк“ и успеа да ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1 во втората рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

„Кралевите“ до втората победа во групата стигнаа на крилата од дуото Герет Бејл и Кристијан Роналдо. Велшанецот го отвори резултатот, додека Португалецот прво зголеми на 2-0, а потоа стави печат на победа 3-1. Измеѓу головите на Роналдо малку надеж за „милионерите“ донесе Пјер Америк Обамејанг кој го намали резултатот на 2-1.

Да бидат уште покомплицирани работите за германците се погрижи Тотенхем кој ја забележа втората победа во групата на гостувањето кај АПОЕЛ (). По две одиграни рунди во Х групата Реал Мадрид и Тотенхем имаат по шест бодови, додека „милионерите“ се уште немаат освоено бод во новата сезона. 

Резултати: 

Група Е: Севиља – Марибор 3-0, Спарак Москва – Ливерпул 1-1 

Табела: Севиља 4, Ливерпул 2, Спартак Москва 2, Марибор 1

Група Ф: Манчестер Сити – Шахјтор Доњецк 2-0, Наполи – Феенорд 3-1

Табела: Мен Сити 6, Наполи 3, Шахјтор 3, Феенорд 0

Група Г: Бешикташ – Лајпциг 2-0, Монако – Порто 0-3

Табела: Бешикташ 6, Порто 3, Монако 1, Лајпциг 1

Група Х: АПОЕЛ – Тотенхем 0-3, Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 1-4 

Табела: Реал Мадрид 6, Тотенхем 6, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ 0.

OhridNews