Деветкратниот првак Реал Мадрид направи крупен чекор кон полуфиналето во Лигата на Шампиони. “Кралевите“ на Сантијаго Бернабеу триумфираа 3-0 против Галатасарај во првиот натпревар од 1/4 финалето.


Германскиот првак Борусија Дортмунд и Малага на реванш натпреварот ќе решаваат за патникот во најдобрите четири откако првиот заврши без победник 0-0.

Патот кон полуфиналето за Реал Мадрид прв го отвори Кристијано Роналдо со погодок во 9-та минута. Францускиот интернационалец Карим Бензема во 30-та зголеми на 2-0 додека конечните 3-0 ги постави Игауин во вториот дел.

Иако “милионерите“ имаа повеќе од играта, сепак не успеаја да го пронајдат патот до мрежата до тимот на Малага.

Реванш натпреварите од четвртфиналето во Лигата на Шампионите се играа во вторник и среда кога ќе се дознаат патниците во полуфиналето.

Мх.П.