Европскиот првак Реал Мадрид речиси го обезбеди пласманот во четвртфиналето откако со 2-0 го совлада Шалке во Германија во првиот осминафинален натпревар.
Предводник на „кралевите“ беше Кристијано Роналдо, кој со погодок и асистенција за Марсело одговори на критиките околу неговата форма.
Во преостаниот натпревар Базел и Порто ремизираа играјќи 1-1. Домаќините поведоа со 1-0, а гостите со погодок од белата точка обезбедија поволен резултат пред повратниот меч на Драгао.
Мх.П.