Без голови и без победник заврши првата полуфинална пресметка меѓу англискиот премиерлигаш Манчестер Сити и шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Десеткратниот шампион на Европа и без Кристијано Роналдо во составот беше подобар од Манчестер Сити кој со преголем доза на претпазливост влезе во овој дуел.
Во текот на деведесетте минути домаќините не упатија ниту еден директен удар кон голот на Кејлор Навас додека „кралевите“ беа нешто поопасни погодувајќи го „оквирот“ четири пати.
Одлуката за финалистот во Милано ќе падне во реваншот на Сантијаго Бернабеу за недела дена.
Мх.П.