Европскиот првак Реал Мадрид и португалскиот шампион Порто се првите патници во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.
Победата (2-0) во првиот натпревар им гарантираше мирен реванш на „кралевите“, но тие не успеаја тоа го спроведат откако претрпеа пораз од Шалке 3-4.
Германците во два наврати имаа предност (0-1 и 1-2), домаќините се враќаа во игра и успеаја да го свртат резултатот 3-2, а упорните фудбалери во сини дресови стигнаа до победа, која за нивна жал не беше доволна за сензација.
Во преостанатиот осминафинелн натпревар Порто пред своите гледачи го совлада Базел со 4-0 и со вкупни (5-1) обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи.
В среда на програмата се мечевите меѓу Баерн Минхен – Шахјтор (0-0) и Челси – ПСЖ (1-1).
Мх.П.